Османи му даде мандат на Курти да ја формира владата

11.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Османи му даде мандат на Курти да ја формира владата

Од кабинетот на претседателката појаснуваат дека мандатарот има рок да предложи состав и програма на влада за гласање во собранието „во најкус можен рок“, додека османи изрази надеж дека ќе се формира кабинет што „брзо ќе носи одлуки за доброто на земјата“.

Изборите на 9 февруари го оставија Косово без јасно мнозинство, што предизвика институционален ќор-сокак до изборот на претседател на парламент и комплетирањето на раководството. Со денешниот указ, политичкиот процес се враќа во собранието, каде што ќе се тестира способноста на Курти да обезбеди мнозинство со партнерите и со претставниците на заедниците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата