На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

23.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.

Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE). /МИА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата