Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата

Синхронизираната обемна акција на членовите на УКП е насочена кон сузбивање на организиран криминал и други тешки кривични дела.

Белградски медиуми јавија дека таа акција е насочена кон членови на врачарски клан и членови на криминални групи со кои тие соработуваат.

Акцијата за апсење ја спроведува надлежното обвинителство во соработка со Евроџаст.

Дел од таканаречениот клан Врачар на чело со Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар, е обвинет за три убиства и пет обиди за убиства.  Вушовиќ беше уапсен во Барселона, а потоа екстрадиран во Австрија, каде што беше осуден на 12 години затвор за планирање убиство на член на друг клан. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата