Три млади животи згаснаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата во Нов Белград.
На раскрсницата на улиците „Хероја Кошаре“ и „Омладински бригади“, загинаа мајката Д.К. (1987), таткото Б.Ж. (1982), кој бил сообраќаен полицаец, и нивното дете Ж.М. (2016), објавија српските медиуми.
Сообраќајната несреќа се случила околу 1 часот по полноќ на булеварот Хероја од Кошар. Несреќата се случила кога Никола Ѓ. (24), кој бил во алкохолизирана состојба со 1,17 промили во крвта, поминал на црвено светло и удрил во Хјундаито во кое бил Б. Ж. со семејството.
Никола Ѓ, државјанин на Босна и Херцеговина, е приведен до 48 часа по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој претрпел полесни повреди во судирот што го предизвикал.
Очевидци за српски Курир опишаа дека местото на настанот било морничаво.
- Автомобилот е смачкан, пожарникарите не можат да стигнат до него - изјавил очевидец рано утрово.
Според првичните информации од истрагата, трагедијата ја предизвикал Никола Ѓ., 24-годишен државјанин на Босна и Херцеговина. Возејќи „Ауди“ со босански регистарски таблички, тој со голема брзина поминал на црвено светло и удрил директно во возило во кое се наоѓало семејство.
Во него бил патник во автомобилот, исто така државјанин на Босна и Херцеговина. Два столба, еден голем за јавно осветлување и еден помал што држел семафор, биле соборени на асфалтот. Од силата на ударот столбовите биле откорнати и скршени. На местото на несреќата може да се видат и делови од возилата вклучени во судирот.

