Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

14.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозив поставен пред  хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа.

По дојавата, полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, поставувајќи периметар и евакуирајќи ги жителите и туристите од блиските објекти.

„Во населба бр. 1, Драч, на влезот од зграда (поранешен хотел, надвор од функција), во една од саксиите за цвеќе е пронајдена сомнителна експлозивна направа, за која се сомнева дека е рачно изработена. Истражниот тим, во соработка со Единицата за противексплозивно дејствување "РЕНЕА", извршија контролирана експлозија. За среќа, нема повредени, додека истрагите продолжуваат за откривање на сторителите и мотивите на овој настан" стои во полициското соопштение. 

Според медиумите, пред неколку години хотелот го користеле и припадниците на  италијанската  полиција  Гвардија ди Финанца кога биле на мисија во Драч, но сега бил вон функција. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата