Додик по изрекување на пресудата: Осуден сум на нивните сра*а

26.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додик по изрекување на пресудата: Осуден сум на нивните сра*а

„Мора да бидеме весели. Една година сум осуден на нивните с*****, на нивниот затвор. Тие велат дека сум виновен, а сега луѓето овде ќе објаснат зошто не сум виновен“, им рече Додик на насобраните луѓе во Бања Лука, објави Телеграф.

„Значи, нема причина за грижа, научив да се справувам со потешки работи, па ќе го претставиме и ова. Важно ми е да сте тука и да ме поддржувате“, рече Додик.

За потсетување, Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС.

„Судот го осуди обвинетиот Милорад Додик на една (1) година затвор, како и мерка за безбедност забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во рок од шест (6) години, од денот на правосилноста на пресудата“, соопшти Судот на БиХ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата