Милорад Додик осуден на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот претставник

26.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милорад Додик осуден на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот претставник

Една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата – ова е пресудата која ја донесе судот на БиХ во Сараево против претседателот на Република Српска Милорад Додик за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмид.

Второобвинетиот Милош Лукиќ пак, кој беше обвинет дека одлуките на Додик ги објавувал во службен весник е ослободен. Додик кој не беше присутен на јавното изрекување на пресудата во Сараево, своите приврзаници ги повика на собир пред народното собрание во Бања Лука, од каде порача дека не е виновен. Најави и серија на закони за забрана на дејствување на федералниот суд и обвинителството на просторот на Република Српска.

-Мораме да бидеме весели. Година дена сум осуден за нивно ср**е, нивен затвор. Велат дека сум крив. А сега луѓе тука ќе ви кажам зошто не сум крив.

- Не те даваме!

-Во ред, немој да креваш врева.

-Значи, нема причина за било каква загриженост, јас сум научен да се носам и со потешки работи, па ќе го поминеме и ова. - Милорад Додик – Претседател на Република Српска.

Во говорот пред народното Собрание, Додик ја обвини и судијката дека пресудата ја донела од лични и етнички причини. Уште пред пред објавувањето на пресудата порача дека процесот според него бил монтиран и немал никаква правна сила, а упати и серија на обвинувања до високиот претставник во земјата Кристијан Шмит и побара граѓаните да ги уапсат и исфрлат од земјата. Токму Шмит во текот на вчерашниот ден изрази загриженсот за актуелните случувања и додаде дека Дејтонскиот договор и државните институции мора да бидат почувани.

-Разбирам дека многу од вас се длабоко загрижени за неодамнешните случувања.Бидете уверени дека меѓународната заедница останува будна и внимателна.Дејтонскиот поредок и државните институции остануваат заштитени и мора да бидат почитувани. За Босна и Херцеговина нема преговори.-Кристијан Шмит.

Додик инаку, беше обвинет затоа што во мај 2023 година го потпишал указот за стапување во сила на законот за неприменување на пресудите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, кои беа донесени од федералното собрание. Тие одлуки беа поништени од високиот претставник Шмит врз основа на неговите овластувања. Милош Лукиќ пак, кој е ослободен од обвинението беше обвинет затоа што се погрижил указот на Додик да биде објавен во Службен весник. Иако Шмит ги поништи контроверзните закони врз основа на неговите овластувања, Додик сепак го потпиша указот за нивно стапување во сила, а Лукиќ ги објави во Службен весник на Република Српска.

Пресудата против Додик е првостепена и тој има право на жалба до второстепениот суд. Одлуката на судот се следи и во соседна Србија каде за попладнево српскиот претседател Александар Вучиќ најави итен состанок на советот за безбедност..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата