Трагедијата се случила во петокот попладне, откако девојчето, под непознати околности, отишло во вилала оддалечена околу половина километар од својот дом. Девојчето ќе биде погребано денеска, денот кога требало да го прослави својот 4-ти роденден, објави Топ Ченел.
Според градоначалникот на Паксос, Спирос Влахопулос, родителите го пријавиле девојчето како исчезнато околу 16 часот во петокот. Потрагата по малото девојче траела речиси еден час. Околу 16:50 часот пристигнала страшната вест - детето, без знаци на живот, било пронајдено во базенот на блиската вила.
Полицијата веднаш се упатила на местото на настанот, како и екипите за итни случаи, кои поминале еден час обидувајќи се да го реанимираат девојчето. За жал, било предоцна.
„Родителите сè уште не разбираат како излегла од дворот и влегла во таа вила. Детето очигледно сакало да си игра...“, рекол градоначалникот.
Полицијата ги однесе родителите и дедото на девојчето на сослушување, кои подоцна беа ослободени.
Бабата вели дека е во целосен шок.
„Очајна сум, полицијата ги однесе мојот сопруг, ќерка и зет во обвинителството. Во шок сум, сама сум, сакам да умрам“, рекла несреќната баба.
Роднините на семејството велат дека малото девојче си играло во ходникот покрај влезната врата од куќата кога одеднаш исчезнало. Била сама можеби една минута. Во моментот кога забележале дека детето го нема, ја известиле полицијата и започнале интензивна потрага по неа.
Родителите и дедото се обвинети за загрозување на безбедноста на малолетно лице, и иако биле ослободени по сослушувањето, им е забрането да ја напуштат земјата.