Бура реакции во Бугарија – македонски доктор прегазил куче пред зграда во Софија

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бура реакции во Бугарија – македонски доктор прегазил куче пред зграда во Софија

Инцидентот се случил за време на викендот во населбата Расадника, а вознемирувачка видео снимка од безбедносните камери масовно се споделува на социјалните мрежи.

 На снимката се гледа како автомобил излегува од поздемен паркинг и го прегазува кучето кое лежи пред зграда, а потоа возачот застанува, излегува од возилото и откако гледа што направил, го напушта местото. 

Бугарските медиуми објавуваат дека се работи 29-годишен доктор од Македонија кој работел во Военомедицинската академија во Софија.

 Тој бил сослушан во полиција и бил пуштен, откако негирал дека намерно го прегазил кучето. Обвинителстото отворило предистрага и го испитува случајот.  Бугарските медиуми пенесеуваат дека законот предвидува затвор и до осум години ако се утврди намера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата