„Албанија се наоѓа во историски момент на својот пат кон членство во Европската Унија. Во исполнувањето на овој голем приоритет, Собранието има чест и обврска да биде претставник на визијата и аспирациите на Албанците за европска Албанија, напиша Бегај во објавата на Фејсбук.
Врз основа на деловникот за работа на законодавниот дом, првата седница ја отвора и ја води најстариот пратеник во парламентот.
Според податоците, најстариот пратеник во парламентот е лидерот на опозициските демократи, 81-годишниот Сали Бериша. Доколку тој одбие, тогаш следниот е друг демократ, Тритан Шеху (76) а ако и тој одбие тогаш на ред ќе биде социјалистот Васил Љајо (68), кој за првпат седнува на собраниско столче.
На првата седница по верификацијата на мандатите и полагањето заклетва, ќе биде избран претседател на парламентот. Кандидат за претседател може да предложат најмалку 15 пратеници, се избира без дебата и со тајно гласање со мнозинство гласови.
Повеќе од сигурно е дека социјалистите за оваа функција ќе ја предложат Елиса Спиропали, која прв човек во парламентот беше и во претходниот состав, од 30 јули минатата година, откако се повлече Линдита Никола, поради здравствени причини.
На 11-те парламентарни избори, по патот на комунизмот, 83 мандати обезбеди владејачката Социјалистичка партија, 50 изборната коалиција предводена од Демократската партија, три мандати Социјалдемократската партија, два Партијата на можности и по еден „Албанија станува“ и Движењето „Заедно“.
Од 140 пратеници колку што брои албанскиот парламент, за првпат избрани се 72 од нив, според полот 50 се жени.