„Алта банка“ ќе гради зграда со 35 ката во Нов Белград

8.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Алта банка“ ќе гради зграда со 35 ката во Нов Белград

Познатото британско архитектонско биро Заха Хадид Архитекти (ZHA) и белградското Биро Кјуб Партнерс (BCP) беа избрани за дизајнирање на новата зграда на Алта банка. Станува збор за солитер  Алта.

Солитерот ќе има 35 ката - поточно, три подземни нивоа, приземје, мезанин помеѓу приземјето и првиот кат и уште 34 ката. Зградата ќе има површина од 79.470 квадратни метри.

Според британските медиуми, кулата ќе биде новото седиште на Алта банка. Комплексот ќе се наоѓа во деловната зона на Нов Белград.

Деловните простории на банката ќе ги зафаќаат долните катови, додека станови ќе бидат лоцирани на повисоките катови. Ќе бидат достапни и канцеларии за изнајмување.

ZHA и BCP не се партнери за првпат. Пред помалку од една година, тие две архитектонски бироа го добија меѓународниот конкурс за пренамена на поранешната фабрика за хартија „Вапа“ во Милано во нови музеј на Никола Тесла.

Алта банка работи во рамките на групацијата „Алта“, во сопственост на Давор Мацура. Оваа банка се најде во центарот на вниманието на јавноста кога почна да склучува зделки со државата. Посебно внимание привлече информацијата дека граѓаните плаќаат за електрична енергија преку сметките на „Алта банка“.Алта банка има ексклузивно право свои шалтери да има во полициските станици.

Во почетокот на септември Алта банка ја купи македонската Стопанска банка - Битола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата