Не е се така како што изгледа!
Индира Левак, позната како Колонија, минатиот викенд со своите хитови и енергичен настап ги забавувала Београѓани, кои секогаш ја дочекуваат со раширени раце.
Хрватската поп пејачка на сцена секогаш го дава својот максимум, но пред да излезе на бина има посебни ритуали.
- Пред концерт секогаш сакам да бидам сама, макар триесетина минути... Малку зборувам сама со себе,си велам: “Ти тоа го можеш, најсилна си, оди таму и растури, тие луѓе тоа го заслужуваат“ – признала Индира, која планирала настап до совршенство.
Во тоа и помага сопругот Мирослав, професионален спортист и фитнес тренер, за кого многумина сметаат дека на својата сакана и воведува сериозни санкции. Сепак, тоа се заблуди, вели Индира.
- Секако јас имам проблеми со исхраната... Мене тоа ми е најтешко, јас сум голем гурман, голем хедонист, сакам да “папам“, и тоагаш тоа ми е проблем. Најлошо ми е кога ќе ми речат: Сигурно сопругот не ти дава да јадеш“... Каква глупост.
Се напалив на Евросонг
Хрватската јавност, како и многубројните фанови на Индира, со години наназад присакуваат да учествува на Евровизија. Досега коцките не се склопиле, меѓутоа постои шанса Хрватска на пролет во Ротердам да ја претставува токму таа.
- Постојано луѓето зборуваа: “Кога ќе одиш на Ецровизија?, а јас им зборував: “Немам песна, несакам било која, сега имам една фантастична песна, па така се напалив, сега веќе би одела на Евросонг – рекла Индира .