Која е германската фирма ја победи турската, за која навиваше Арсовска, за изградба на пречистителната станица на водите од Скопје?

15.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која е германската фирма ја победи турската, за која навиваше Арсовска, за изградба на пречистителната станица на водите од Скопје?

Градела пречистителни станици во Будва и во Москва. Фирмата со седиште во Есен во Германија е избрана за изведувач на проектот на пречистителната станица на водите од Скопје. Во проектот како локален изведувач, Германците го избрале Жикол. Големиот проект од 200 милиони евра ги раздели Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ поради меѓусебни обвинувања за финансиски злоупотреби со скопскиот водовод.

Договорот за изградба на пречиститечната станица во тајност е потпишан пред три дена, а според информации на Телма, за двесте милиони евра пречистителната станица кај Трубарево ќе ја гради германската фирма WTE Wassertechnik GmbH заедно со домашната компанија Жикол.

Тие на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда.

„Арсовска молчи како го потпишала истиот договор поради кој го разреши Перински и ширеше лаги за ВМРО-ДПМНЕ“

WTE и Жикол покрај поквалитетна понуда имале и соодветна банкарска гаранција додека Турците понудиле банкарска гарнација не од банка туку од финансиска институција со седиште во Монако.

Откако Народната банка одговорила дека не постои таква банка, на турската компанија ѝ било понудено да достави нова гаранција, но не биле во можност поради војната во Украина. На тој начин, Германците останале единствени во трката и го добиле тендерот.

WTE е германска компанија која има многу слични проекти пред се во државите во источниот дел на ЕУ, како Полска и Литванија, но имаат и претставништво и проекти и во Москва.

Еден од поголемите проекти на компанијата е пречистителната станица во Будва која е пуштена во употреба во 2014 година.

Повеќе ТУКА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата