Жена уапсена по пукање пред седиштето на ЦИА

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена уапсена по пукање пред седиштето на ЦИА

Изворот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека проверката на јавните евиденции покажала дека осомничената, млада американска државјанка, имала историја на возење под дејство на алкохол.

Портпаролот на ЦИА одби да каже дали осомничената била погодена од огнено оружје.

Жената влегла низ главниот влез , а кога обезбедувањето се обидело да ја запре, таа им избегала и продолжила кон портата, по што било пукано кон неа.

ФБИ го истражува инцидентот,.

ЦИА ја затвори главната порта на својот комплекс во Ленгли и им наложи на вработените да бараат алтернативни патишта.

Инцидентот со пукање се случи откако двајца вработени во израелската амбасада беа убиени од   вооружен човек во центарот на Вашингтон доцна синоќа.

Според американски медиуми, нема знаци за поврзаност помеѓу двата инцидента. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата