Европол: 270 лица од Дарк-веб, од десет земји, се уапсени во операција „RapTor“

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европол: 270 лица од Дарк-веб, од десет земји, се уапсени во операција „RapTor“

Во соопштението за медиумите се наведува дека во операцијата „RapTor“ биле разбиени меѓународни мрежи што тргувале со дрога, оружје и фалсификувана стока, а осомничените биле идентификувани преку координирани истраги врз основа на разузнавачките информации добиени од уништувањето на пазарите на Дарк-веб - Nemesis, Tor2Door, Bohemia и Kingdom Markets.

Агенциите за спроведување на законот во десет земји извршија апсења на лица осомничени за илјадници продажби на нелегални пазари, користејќи алатки за енкрипција и криптовалути за да ги прикријат своите траги.

Во САД, во операцијата „RapTor“ беа уапсени 130 лица, во Германија 42, Велика Британија 37, Франција 29, Јужна Кореја 19, Австрија и Холандија по четири, Бразил три и Швајцарија и Шпанија по едно.

Во тек се истраги за пронаоѓање и апсење на дополнителни лица вклучени во криминалот.

Во меѓународната операција се запленети над 184 милиони евра во готово и криптовалути, повеќе од два тона дрога, над 180 парчиња огнено оружје, 12.500 фалсификувани производи и над 4 тони нелегален тутун. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата