Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

26.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

На маргините на погребот на папата Франциск, двајцата лидери ја искористија приликата и во за многумина можеби невообичаен момент, одржаа тет-а-тет средба во базиликата Свети Петар. Изјави немаше, но темата како што е и очекувано, била за војната во Украина. Украинскиот претседател Зеленски средбата потоа преку социјалните мрежи ја оцени како симболична, но со потенцијал да стане историска.

Двајцата како што напиша тој, разговарале за одржлив и целосен мир кој би спречил идна војна на европскиот континент. Од Белата Куќа пак, засега молк. Сепак, дел од странските аналитичари, на средбата веќе гледаат како на позитивен исчекор кон ставање крај на војната во Украина.

-Ова е интересен момент бидејќи изгледа како претседателот Зеленски да дошол со предлог кој некако го смирува тонот, секако со украински барања на кои мислам дека и Доналд Трамп би сакал да одговори. Па, изгледа дека било навистина, навистина интересна (средбата) и можеби значајна средба.- Аналитичар Константин Егард

-На папата, жив или мртов, апсолутно никој на планетата не рекол не на покана од страна на папата. Во таа смисла, доколку има било каква можност за Трамп и Зеленски за движење кон мир во Украина, тоа би било соодветно признание за наследството на папата во вид на папски мир.- Аналитичар Џон Ален

Покрај со Зеленски, во базиликата се одржала и кратка средба со британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, но за што точно се разговарало на нивната средба е се уште непознато. Ваквиот тек на настаните доаѓа по објавата на Трамп на социјалните мрежи во која порача Украина и Русија се блиску до постигнување на договор за ставање крај на војната. Покрај со Зеленски,

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата