Во израелски воздушен напад во Газа загинаа 10 лица, половина од нив се деца

26.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во израелски воздушен напад во Газа загинаа 10 лица, половина од нив се деца

Три жени и пет деца се меѓу загинатите во воздушните напади рано наутро во населба во западниот дел на градот Газа, соопшти болницата Шифа, која ги прими телата.

Израелската армија соопшти дека нападнала скривалиште на милитанти на Хамас.

Хамас денеска објави дека испратил делегација во Каиро за да се обиде да го обнови примирјето, кое беше нарушено од израелското бомбардирање минатиот месец.

Израел вети дека ќе ја продолжи војната сè додека не бидат вратени сите заложници и додека Хамас не биде уништен или разоружан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата