Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација

Вонредната состојба и општата мобилизација во Украина се продолжени за 90 дена, од 8 февруари до 9 мај, пренесува Укринформ.

Русија на 24 февруари 2022 година започна напад врз Украина. Истиот ден во земјава беше воведена вонредна состојба и беше прогласена општа мобилизација - до 26 март. После тоа, Парламентот 13 пати ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, потсетува украинската агенција. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата