Иран е подготвен да им даде шанса на САД да ги решат споровите

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран е подготвен да им даде шанса на САД да ги решат споровите

Официјалниот претставник рече дека Техеран не се согласува со „никакво раселување на жителите на Газа, но разговорите меѓу Иран и САД се посебна работа“, мислејќи на изјавите на Трамп дека САД ќе ја преземат воено разурнатата Газа и ќе создадат „Ривиера на Блискиот Исток“ откако ќе ги населат Палестинците на друго место.

„Иран не се согласува со какво било раселување на Палестинците и тоа го соопштува преку различни канали. Сепак, ова прашање и патот на иранскиот нуклеарен договор се две посебни работи и треба да се решаваат одделно“, рече претставникот.

Тој посочи дека Техеран сака САД „да го ограничат Израел доколку Вашингтон бара договор“ со Исламската Република.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека загриженоста на САД поради тоа што Иран развива нуклеарно оружје не е комплицирано прашање и може да се реши со оглед на противењето на Техеран на оружјето за масовно уништување.

Трамп вчера рече дека ќе биде подготвен да се сретне со својот ирански колега за да се обиде да го убеди Иран да се откаже од она што САД веруваат дека се напорите на Техеран да развие нуклеарно оружје, а во меѓувреме ќе ја обнови кампањата за „максимален притисок“ врз Иран. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата