Заврши втората рунда од американско-украинските преговори во Ријад

25.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши втората рунда од американско-украинските преговори во Ријад

Претходно беше соопштено дека украинската делегација поради овој состанок го продолжила престојот во Саудиска Арабија за уште еден ден.

Засега нема информации за темите на разговорот. Состанокот меѓу руската и американската делегација, кој траеше повеќе од 12 часа, заврши вчера, а за денеска е најавена заедничка изјава на претставниците на Русија и САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање најави дека делегацијата на САД повторно ќе се сретне со украинскиот тим по средбата со руската делегација во Саудиска Арабија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата