„Волстрит џурнал“:Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русијa

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Волстрит џурнал“:Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русијa

Другите членови на германската владејачка коалиција одобрија испраќање ракети Таурус во Украина. Германската пратеничка Мари-Агнес Штрак-Цимерман на 4 септември напиша на Твитер дека самиот Шолц ја блокира оваа одлука во рамките на коалицијата.

Според извори цитирани од „Волстрит џурнал“, Шолц е загрижен дека германскиот персонал ќе мора да работи со проектили на терен во Украина, потег што тој тврдеше дека ќе бара гласање во Парламентот. Уште повеќе, како што наведуваат, „Шолц се плашеше дека присуството на германски трупи на теренот во Украина може да предизвика директен конфликт со Русија“.

-Нејасно е зошто Шолц тврди дека германскиот персонал ќе мора физички да биде лоциран во Украина за да може да се користат ракетите Таурус, пишува „Волстрит џурнал“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата