Парадата на преставниците на руската армија пред многубројните светски лидери траеше нешто помалку од два часа.
За време на дефилето на руските вооружени сили, светот по прв пат ги виде дроновите Лансет и Геран-2.
Според „Sky News“, на парадата присуствувале 11.500 припадници на руските вооружени сили.
По крајот на парадата Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг заедно положија цвеќе на гробот на непознатиот војник во Москва.