Десетици домови и инфраструктура беа оштетени во нападите во текот на претходниот ден, соопштија локалните власти.
- Околу 180 луѓе се евакуирани од Доњецк, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм.
Руските напади, исто така, беа насочени кон инфраструктурни објекти, вклучително и далноводи во регионите Киев и Потлава, но нема повредени цивили, изјавија официјални лица.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 87 од 160-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта. /МИА