Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер

22.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер

Трамп во објава на својата платформа Truth Social соопшти дека ќе го номинира пензионираниот генерал Ден „Разин“ Кејн за наследник на Браун. Поранешен борбен пилот на Ф-16, Кејн беше заменик-директор за воени прашања во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) до 2024 година.

Трамп ќе ја смени и заменик-шефицата на американската морнарица, адмиралката Лиза Франчети, како и заменик началникот на воздухопловните сили и главните воени судии во армијата, морнарицата и воздухопловните сили, објави Пентагон. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата