Началникот на полицијата во Торонто, Пол Мекинтајр, изјави дека прелиминарната истрага утврдила дека тројца мажи влегле во пабот и почнале да пукаат и дека никој не е уапсен, пренесува АП.
„Еден маж беше вооружен со пушка, додека двајца други мажи беа вооружени со пиштоли, влегоа во барот, го извадија оружјето и отворија оган неселективно врз луѓето што седеа внатре“, рече Мекинтајр.
Тој додаде дека се уште не е познат мотивот за нападот.
Тој го нарече пукањето „дрзок и непромислен чин на насилство што навистина ја потресе заедницата и самиот град“.
Мекинтајр рече дека тој и другите полицајци биле „згрозени“ од она што го виделе на снимката од безбедносните камери.
Набргу по пукањето, полицијата соопшти дека еден осомничен, кој носел црн дуксер со качулка, бил виден како бега со сребрен автомобил.