„Две лица се здобија со сериозни повреди и шест полесни повреди“, изјави Џонатан Торес, портпарол на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, пренесе АП.
На видеото од несреќата објавено на социјалните мрежи се гледа како џип удира во вратата на продавницата, се враќа во рикверц, врти среде деловниот простор и излегува низ друга врата. На таа снимка автомобилот удира од напред, а се претпоставува дека пред тоа веќе удрил во деловните простории на компанијата.
Раководството на продавницата рече дека возачот, кој подоцна е уапсен, им бил клиент.
„Им благодариме на властите за брзата реакција на овој страшен настан“, велат од компанијата.
BREAKING: Multiple people injured after a driver plows into a CarMax in Inglewood, California. pic.twitter.com/4X4arlDF7T
— Clown World ™ 🤡 (@ClownWorld_) March 9, 2025
Инцидентот првично е пријавен како пукање.
Инглвуд е мал град кој се наоѓа на околу 10 милји југозападно од центарот на Лос Анџелес.