Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени три лица.
Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на 1 јуни.
Гувернерката на Веракруз, Росио Нале изјави дека помеѓу убиените е и ќерката на Гутиерес.
- Ниту една функција не вреди да се умре за неа. Целата државна власт ќе биде присутна во наредните денови за да се обезбеди изборите да бидат слободни и демократски, истакна Нале на вчерашна прес-конференција, ветувајќи правда.