Претставничката на УНХЦР во Германија, Катарина Тоте, изјави за ДПА дека агенцијата е загрижена поради потегот на владата да престане да прифаќа барања за азил на границата.
Таа истакна дека Германија е клучен партнер на УНХЦР со децении и останува важна земја за азил во Европа.
Построгите гранични контроли беа воведени по наредба на новоназначениот министер за внатрешни работи Александар Добриндт минатата среда, со исклучоци што се однесуваат на ранливите групи, вклучувајќи ги жените во поодмината бременост, жените со мали деца и сериозно болните лица.
Мерките беа преземени откако владата предводена од конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц стапи на власт, ветувајќи дека ќе ги одржи привремените гранични контроли што веќе се воспоставени и ќе ги врати нелегалните мигранти на границата, дури и ако аплицираат за азил.
-Затворањето на границите на земјата за сите баратели на азил може да го поткопа принципот на правична распределба, предупреди Тоте и ја повика Германија да ги почитува постојните договори на ЕУ за управување со барањата за азил.
Од јануари, 45.681 лица аплицирале за азил во Германија за прв пат - намалување од 84.984 во истиот период минатата година, што претставува намалување од 46 отсто.