Властите во Израел и Абу Даби соопштија за нови воздушни напади утрово

2.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Властите во Израел и Абу Даби соопштија за нови воздушни напади утрово

Израелските сили „идентификуваа ракетен напад од Иран во насока на Државата Израел“ и „одбранбените системи работат на одбивање на заканата“, се вели во соопштението на армијата објавено додека одекнувале сирени за воздушна опасност на многу места во северен Израел. Според израелските служби за безбедност, нема податоци за загинати.

Во меѓувреме, либанското исламистичко движење Хезболах исто така соопшти дека го нападнало северен Израел со ракети и дронови. Во неколку изјави, проиранската групација, која го вовлече Либан во војната на почетокот на март, изјави дека нападнала израелски воени позиции на две локации во граничната зона и дека со дронови нападнала едно израелско село.

Властите во Абу Даби, цитирани од локалните медиуми, исто така соопштија дека одговориле на напад во близина на економската зона Калифа (KEZAD) во емиратот, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнале ракета. Нанесена е минимална штета, но нема настрадани во нападот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата