Бебе во количка застрелано во њујоршката населба Бруклин

2.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бебе во количка застрелано во њујоршката населба Бруклин

Инцидентот се случил кога маж од мопед во движење пукал кон група луѓе на тротоар на улица во Бруклин.

Првичните проценки на полицијата се дека пукотницата што се случила вчера во попладневните часови е пресметка на банди, а бебето е случајна жртва.

„Нема зборови што можат да ја излечат болката на семејството. Едвај започнат живот е одземен во миг“, рече градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани пред медиумите во близина на местото на инцидентот.

На мопедот имало двајца мажи, од кој едниот пукал кон група луѓе на тротоарот. По пукотницата мопедот удил во автомобил, при што едниот од напаѓачите се здобил со повреди и е задржан во болница, додека другиот е во бекство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата