Видео: Пожар во индустриска зона во Аргентина, најмалку 20 повредени

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео:  Пожар во индустриска зона во Аргентина, најмалку 20 повредени

- Експлозиите и последиците од пожар во неколку објекти се ужасни, изјави градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос.

Тој додаде дека сè уште не е утврдена причината за пожарот.

- Се обидуваме да го ставиме огнот под контрола и да го изгаснеме,но сè уште не успеваме, наведе Гранадос.

Според локалните медиуми, пожарот зафатил најмалку пет објекти.

- Индустриската зона во Езеиза е лоцирана во близина на меѓународниот аеродром, каде се сместени различни компании со различни производи. Има голем број производители на гуми, хемиски компании и магацин за „Ајрон Маунтин“ (компанија што архивира документи и податоци), изјави директор на Канцеларијата за цивилна заштита на покраината Буенос Аирес, Фабијан Гарсија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата