Ужас во Романија: Купишта снег паднаа врз жена на улица- веднаш почина (ВИДЕО)

27.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Романија: Купишта снег паднаа врз жена на улица- веднаш почина (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во моментот кога таа поминувала уличка меѓу згради, без никакви шанси да го избегне. Жртвата била сопруга на претседателот на Здружението на станари.

Застрашувачкиот момент е снимен на надзорните камери во областа. На снимката се гледа како жена оди покрај зграда, во снегот, носејќи торба во раката. Во еден момент, жената очигледно слуша звук, поради кој погледнува кон небото. Кога видела што ѝ се случува, се обидела да реагира, за жал, безуспешно.

Огромно парче снег и мраз паднале врз неа и веднаш ја убиле.

Според законот, одговорноста за спречување на вакви трагедии е на сопственикот на станот, кој требало да побара интервенција и да им ја закаже на пожарникарите кои ќе ги отстранат остатоците од снег и мраз од покривот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата