Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), Шахин ги „координирал терористичките трансакции за купување оружје на сириско-либанската граница, откако стапиле на сила договорите меѓу Израел и Либан“.
Шахин, наводно, бил истакнат член на регионалната дивизија на Хезболах во долината Бека и бил одговорен за склучување договори за набавки со шверцери и добавувачи, посредување при пристигнувањето на пратките и нивно дистрибуирање до различни единици на Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска соопшти дека Шахин ги прекршил условите од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах и дека претставува опасност за израелските граѓани.
Во одвоен напад со беспилотно летало на ИДФ во североисточен Либан завчера загина Махран Али Насер ал-Дин, член на единицата 4400 на Хезболах, наводно одговорен за шверц на оружје во Либан./МИА