До несреќата дошло бидејќи безбедносната шипка не била правилно заклучена.
Младата жртва била фрлена додека се возела и првично ѝ била констатирана повреда на колкот, но подоцна било утврдено дека има и повреда на главата. Мајката рече дека се борела со сите сили да не падне кога шипката попуштила.
Инцидентот го снимил случаен минувач, а видеото се појави на социјалните мрежи. За жал, моментот на екстремна возбуда набрзо се претвори во ужас исполнет со крици и очајнички потег за спас на млад живот.
По падот, тинејџерката лежела од болки на платформата, а работник дошол да ѝ помогне.
Несреќата се случила во забавниот парк Козумел, кој е сместен во паркот Квинтана Ру кој се наоѓа јужно од Канкун.
Оттогаш властите ја затворија атракцијата поради непочитување на безбедносните мерки. Операторите би можеле да бидат казнети поради небрежност, но висината на казната или каков вид ќе биде, сè уште не се знае.
Според надлежните, повреденото девојче е пренесено во болница. Властите веднаш извршија увид и го затворија возењето во забавниот парк. Против одговорните е поведена дисциплинска постапка и изречена е парична казна.
Според пишувањата на медиумите, компанијата која го одржува забавниот парк ги презела сите медицински трошоци за лекување на девојчето.
„Секој до сега треба да знае колку е опасно да се оди на тие евтини возења“, вели еден локален жител, додека друг додал: „Веќе не го поднесувам луна паркот, тој е опасен, одвратен, бучен и секое возење е придружено со многу гласна музика“.