Предупредување: Содржината може да биде вознемирувачка!
Постар маж, чие име не го објави полицијата во Хуазеиро до Норте, држава Сеара, Бразил, ги врзал сестрите за валкани душеци опкружени со човечки измет и скапано ѓубре во импровизиран затвор во неговиот дом.
Шокантните фотографии од полициските докази ја покажуваат едната ќерка со врзани нозе, додека друга сестра лежи во несвест на својот вознемирувачки валкан кревет.
Двете сестри биле шокантно слаби и наводно страдале од тешка неухранетост и дехидрација, објави Дејли Меил.
Несреќните девојки беа спасени во полициска рација на 5 мај, откако ужаснат сосед го пријавил случајот во полиција. Извори ѝ кажале на полицијата дека веруваат дека тој ги злоставувал најмалку една година.
Сестрите, на возраст од 36 и 38 години, се опоравуваат во одделот за итни случаи во населбата Лимоеиро.
Бидејќи биле хоспитализирани, не можеле да се подложат на форензичко испитување за да се истражи наводната злоупотреба.
Полицијата верува дека нивниот татко почнал да ги силува кога нивната мајка излегла од дома на преглед во болница пред една година и никогаш не се вратила.
„Секогаш се сомневав дека нешто не е во ред, но никогаш не замислувавме дека ќе биде толку лошо“, рече соседот.
Нивниот татко бил однесен во полициската станица за заштита на жените во градот, каде што бил обвинет за семејно насилство, злоупотреба, психолошко насилство и нелегално затворање.
Откако ќе бидат прегледани неговите ќерки и ќе се утврди дека биле силувани, таткото ќе биде осомничен и за тоа.
Таткото дал изјава во полиција и наводно рекол дека ги врзал ќерките за „да не паднат од кревет“.