Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената

9.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената

Демонстрациите за одбележување на настанот, кои се одржаа вчера, со години се забранети во Истанбул. Оправдувањето дадено оваа година беше дека тие може да го загрозат „јавниот ред и општествениот мир“, пренесе ДПА.

Стотици луѓе вчера се собраа на мирен протест во центарот на градот, пркосејќи на забраната, извикувајќи слогани како „Да живее нашата феминистичка борба“.

Според платформата „Ќе ги запреме фемицидите“, досега годинава во Турција мажи убиле 59 жени.

Покрај Истанбул, имаше демонстрации и во други турски градови против насилството насочено кон жените и врз ЛГБТКју луѓето.

Турската влада отворено се спротивставува на ставовите на ЛГБТКју и ја нарече 2025 година „Година на семејството“. Ова беше протолкувано од многумина како отворено противење на оние со начин на живот кој не е во согласност со традиционалните семејни структури.

Потпретседателот на државното тело за надзор на медиумите РТУК најави програма за „борба“ против сексуалните малцинства во медиумите. РТУК ги следи радио и телевизиските преноси, онлајн и печатените медиуми и може да наметнува казни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата