Цивилната заштита на Појасот Газа соопшти за 44 загинати Палестинци во израелски напади

20.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цивилната заштита на Појасот Газа соопшти за 44 загинати Палестинци во израелски напади

- Екипите на Цивилната заштита транспортираа најмалку 44 тела, од кои повеќето на жени и деца, како и десетици ранети, по нови крвопролевања извршени од окупаторите (…), на неколку места во Појасот Газа од 1:00 часот по полноќ, изјавил за АФП портпаролот на палестинската служба Махмуд Басал.

Војната во Појасот Газа избувна на 7 октомври 2023 година, откако Хамас изврши терористички напад на израелска територија. Според податоците на Израел, тогаш биле убиени над 1200 луѓе, а 251 заложници биле одведени во заробеништво од исламистите.

Според информациите на Министерството за здравство на Хамас, во израелската офанзива досега загинале над 53 000 Палестинци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата