Во копија на меморандумот испратен до дипломатските претставништва, државниот секретар Марко Рубио рече дека паузата ќе трае „до издавање на нови насоки“.Тој додаде дека проверката на социјалните мрежи ќе биде засилена за студентски визи и визиза размена, пренесува „Си-Би-Ес Њуз“.
До засилените проверки дојде по тврдењата на Трамп дека дел од американските универзитети се премногу „левичарски“ и оти промовираат антисемитизам.
Претседателот на САД неодамна се обиде да му забрани на „Харвард“ да запишува странски студенти, наредба чија примена ја одложи федерален судија.