Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп

 Понизок суд претходно ги блокираше царините на американскиот лидер.

Судот моментално го разгледува случајот, соопшти Апелацискиот суд во документ објавен денеска.судот, исто така, соопти дека страните во случајот треба да презентираат дополнителни аргументи во врска со нивните ставови.

Администрацијата на Трамп најави дека ќе се жали на одлуката на судот за меѓународна трговија во Њујорк, кој ги прогласи речиси сите царини на претседателот за нелегални.жсоветникот за трговија во Белата куќа, Питер Наваро, денеска изјави дека администрацијата на трамп ќе бара начини да ги задржи царините на сила дури и ако на крајот ги изгуби правните битки околу својата трговска политика.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата