Трамп предупредува: Монструозните нуклеарни бомби би можеле да доведат до крај на светот

9.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп предупредува: Монструозните нуклеарни бомби би можеле да доведат до крај на светот

Американскиот претседател во интервју зборуваше за опасностите од нуклеарните арсенали низ светот. Минатата недела тој рече дека САД и Русија имаат „убедливо најмногу“ нуклеарно оружје, но призна дека Кина ќе го достигне тоа ниво до крајот на деценијата, објави британски Мирор.

За време на интервјуто, кое се емитуваше утринава, тој се пожали на огромните суми американски пари што се трошат на „големите чудовишта“ кои можат да го предизвикаат крајот на светот. Во Sunday Morning Futures на Фокс Њуз тој рече:

„Најголемата закана се наоѓа на полиците на различни земји и се нарекува „нуклеарно оружје“, огромни чудовишта кои можат да ви ја разнесат главата со милји и милји наоколу“.

„Страшно е што треба да ги потрошите сите тие пари на нешто што, ако некогаш го искористите, веројатно ќе значи крај на светот.“

Минатата недела Доналд Трамп откри дека сака да ги рестартира нуклеарните преговори со Русија и Кина, со надеж дека тие земји би можеле да се согласат да ги преполоват нивните огромни буџети за одбрана. Од Овалната соба тој изјави:

„Нема причина да продолжиме да градиме целосно ново нуклеарно оружје кога веќе имаме толку многу“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата