Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико

Секретарот на Белата куќа на брифинг за медиумите потврди дека ќе се придржува до крајниот рок од 1 февруари за воведување нови царини кои би можеле да имаат големо влијание врз економијата, објави Си-Ен-Ен.

Таа рече дека царината од 25 отсто ќе важи за Мексико и Канада, додека за Кина таа би била 10 отсто.

Да потсетиме, Трамп претходно им рече на новинарите во Белата куќа дека наскоро ќе донесе одлука за царините за нафта.

Трамп нагласи дека неговата одлука ќе се заснова на тоа дали цената на нафтата што ја наплаќаат двата трговски партнери е праведна.

Според Управата за енергетски информации, САД увезувале речиси 4,6 милиони барели нафта дневно од Канада во октомври и 563.000 барели од Мексико. Дневното производство во САД во тој месец во просек изнесувало речиси 13,5 милиони барели дневно.

Трамп вчера рече дека земјите од БРИКС ќе треба да се обврзат на Соединетите држави да не создаваат нова валута за блокот да го замени американскиот долар, во спротивно ќе се соочат со царини од 100 отсто.

Трамп, исто така, претходно ги предупреди земјите од БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - да не бараат да го заменат доларот како светска валута.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата