На жените им била изречена забрана за задржување до децата, кои биле хоспитализирани во локалната болница поради скршеници и повреди, за кои постои сомневање дека биле предизвикани од тепање и малтретирање, пренесува Анса.
Помладото момче на 19 јануари било донесено во болница со повреди на ребрата и скршена клучна коска, а на барање на мајка му, наспроти советите на лекарите, веднаш било пуштено.
По шест дена повторно било хоспитализирано со воспаление на тестисите, а синоќа полицијата го префрлила постарото момче од семејниот дом во болница каде било констатирано дека претходно имало скршеница на раката.
Момчињата не се во животна опасност, а се лекуваат на одделот за детска хирургија во болницата во Козенца.