Трамп до авганистанска новинарка: Не разбирам ниту еден збор од вашето прашање (ВИДЕО)

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп до авганистанска новинарка: Не разбирам ниту еден збор од вашето прашање (ВИДЕО)

Новинарката Назира Карими го праша Трамп дали има некаков план за Авганистанците. "Малку ми е тешко да ве разберам. Од каде сте?" Трамп возврати со контрапрашање. Карими му кажала дека е од Авганистан.

"Всушност, тоа е прекрасен глас и прекрасен акцент. Единствениот проблем е што не разбирам ниту еден збор од она што го кажувате", рекол Трамп, по што во собата избувна смеа.

„Но, само ќе го кажам ова: Среќно, живејте во мир“, додаде Трамп.

За време на истата конференција, Трамп изјави дека Соединетите Држави ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски откако Палестинците ќе бидат преместени на друго место.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата