Се судрија патнички авиони на аеродромот во Сиетл (ВИДЕО)

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се судрија патнички авиони на аеродромот во Сиетл (ВИДЕО)

Според пишувањата на американските медиуми, се судриле авион на Japan Airlines и американската авиокомпанија Делта.

Според првичните информации, во судирот немало повредени.

Инцидентот се случил околу 10.15 часот по локално време. Противпожарните и полициските екипи, како и вработените на аеродромот, реагирале брзо. Судирот се случил на пистата меѓу терминалот С и јужните хангари за одржување на аеродромот.

Според информациите дадени од аеродромот во Сиетл, авион на „Јапонија ерлајнс“ кој се движел за позиционирање пред полетување удрил во опашката на паркиран авион на „Делта“. Инцидентот не предизвика никакво нарушување во работата на аеродромот. На патниците кои патуваат денеска им се препорачува да ги проверат информациите за летот со нивните авиокомпании.

Според податоците на FlightAware.com, најмалку 114 доцнења и 20 откажувања на летови биле пријавени до 11 часот. Не е познато дали овие одложувања и откажувања се поврзани со инцидентот или временските услови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата