Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

25.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

Телата се пронајдени на глечерот Адлер и моментално се идентификуваат.

Полицијата била алармирана од двајца туристи кои забележале напуштени скии на надморска височина од 4.000 метри. Полицијата почнала да го надлетува регионот со хеликоптер, по што ги забележала петте тела.

Сè уште не е објавено под какви околности починале, ниту пак националноста, полот и возраста на жртвите.

Властите отворија истрага за несреќата. Се испитуваат временските услови и активноста на лавините во регионот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата