Палестински власти: Најмалку 38 убиени и 204 повредени во израелските напади врз Газа

25.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Палестински власти: Најмалку 38 убиени и 204 повредени во израелските напади врз Газа

Бројките не ги вклучуваат жртвите регистрирани во болниците во северна Газа, бидејќи пристапот до областа во моментов е тежок, пренесува ДПА.

Десетици смртни случаи се пријавуваат секојдневно во Појасот Газа, откако израелската војска започна нова голема офанзива пред една недела.

Нападите на Израел и ограничувањето на помошта за Газа предизвикуваат меѓународни критики, вклучително и од блиски израелски сојузници.

Од почетокот на војната во Газа, по нападите врз Израел од 7 октомври 2023 година од страна на Хамас, според палестински извори, убиени се повеќе од 53.900 луѓе, а 122.700 се повредени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата