Одлуката на судот дојде само неколку часа пред истекот на полноќниот рок за апликации за одложената програма за оставки, често опишана како отпремнина.
Американскиот окружен судија Џорџ О'Тул Џуниор од Бостон не изразил мислење за законитоста на програмата. Тој закажал рочиште за понеделник во 14:00 часот по источно време и ѝ наредил на администрацијата да го продолжи рокот за поднесување документи додека се одржи рочиштето.
Неколку синдикати ја тужеа администрацијата на Трамп поради овој план, кој го смисли неговиот главен советник Илон Маск. Трамп се обидува да ја намали и преобликува федералната работна сила.
Прес секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека повеќе од 40.000 федерални работници се согласиле да дадат отказ во замена за продолжување на примањето плата до 30 септември.
„Очекуваме тој број да расте“, рече Левит. „Ги охрабруваме федералните работници во овој град да ја прифатат оваа исклучително дарежлива понуда.“