Стармер повикува на смиреност додека пазарите паѓаат по царините на Трамп

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стармер повикува на смиреност додека пазарите паѓаат по царините на Трамп

Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 на водечките акции падна на едногодишно најниско ниво во понеделникот, паѓајќи за околу пет проценти во почетокот на тргувањето. 

Стармер рече дека Велика Британија мора „да се издигне заедно како нација“ соочени со новата ера на глобална нестабилност.

-Ова е момент за ладни глави, никој не победува од трговска војна, тоа го знаете, рече Стармер при посета на фабриката за автомобили на Јагуар Ленд Ровер во централна Англија.

Тој рече дека „ова не е минлива фаза“ и дека е „целосно нов свет“, со економски турбуленции по одбранбената и безбедносната нестабилност предизвикана од војната во Украина.

-Дозволете ми да бидам навистина јасен, во момент како овој, нашата иднина е во наши раце, и така се разбира, ќе останеме смирени и ќе се бориме за најдобриот договор со САД, и за тоа интензивно разговаравме во последните неколку дена, рече Стармер.

Аналитичарите предупредија дека обемот на нарушување на глобалните финансиски пазари е еден од најлошите што може да се почувствуваат во последните децении.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата