Проблемите започнале утрото во петокот, на 4 април, кога авионот на TUI Fly Nederland полета од Ајндховен, со планирано застанување во Шарм ел Шеик пред да продолжи кон Хургада. Меѓутоа, по слетувањето во Шарм, патниците останале во авионот повеќе од три и пол часа поради технички проблем во авионот, Боинг 737 MAX 8, регистриран како PH-TFR.
На крајот тие биле истоварени и пренесени со автобус до блискиот хотел, каде ТУИ преку СМС ги известила дека продолжување на патувањето истиот ден не е можно и резервирала дополнително ноќевање во хотелот.
Следеа низа промени во распоредот и откажани летови: Во сабота, на 5 април, TUI објави нов лет за недела наутро, кој потоа беше поместен за пладне, а повторно за 21 часот. Тој последен обид беше откажан откако патниците веќе се качија во авионот, повторно поради технички проблеми, пишува Aviation24.
Патниците се незадоволни од комуникацијата со агенцијата, која е „под секој стандард“: Известувањата пристигнуваат само со СМС, често во последен момент и со постојано менување на информации, според патниците, кои сведочат дека „дури и вработените во ТУИ не знаат што се случува“.
Како одговор на зголемените критики, портпаролот на TUI, Пит Демеџери, потврди дека проблемот со оригиналниот авион е посериозен отколку што првично се мислеше.
„Доведовме тим од техничари, но дефектот не можеше да се поправи.“
Туристите се надеваат дека ќе пристигнат во Хургада до понеделник навечер, имајќи предвид дека летот планиран од TUI треба да тргне доцна попладне од Шарм ел Шеик.
„Се трудиме да не ги бомбардираме патниците со информации додека не добиеме потврдени и корисни вести. Сепак, ја разбираме нивната фрустрација и работиме на тоа да го поправиме“, рече Демејери и потврди дека TUI ќе ги надомести засегнатите патници за непријатностите.