- Нивото на претставници ќе биде пониско од минатонеделниот состанок, но, тоа според него и понатаму е „знак за напредување“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 18 февруари се договорија да воспостават „механизам за консултации“ за решавање на споровите и да именуваат преговарачи за војната во Украина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно изјави дека ќе се сретне со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, но засега не е одреден датумот. /МИА